Слабеење

Нашето тело е секојдневно подложено на токсини, кои ги внесуваме преку неправилната исхрана, загадениот воздух, цигари, алкохол, лекови итн. Овие токсини се причина за чести несакани здравствени проблеми како што се и вишокот на килограми на телото. 
Нашето студио нуди голем избор на пакети за детоксикација и дренажа  на лимфата, која е главниот виновник за  застој на  токсините во организмот. Препуштете се слободно на нашиот професионален тим,и дозволете да ја одбереме најдобрата комбинација за Вас.

АПАРАТ LIPO LASER-BODY SLIMMING

Мултифункционален апарат изработен по најсовремена технологија и медицински стандарди.Вклучува во себе четири видови на технологија:
– инфрацрвен ЛИПО ЛАСЕР
– Кавитација
– Биполарна РФ технологија 
– Вакуум систем

КАВИТАЦИЈА

Апаратот има напредната технологија  на  ултразвучна кавитација, која  нехируршки,безболно и сигурно се справува со вишокот маснотии и целулит.
Кавитација работи на принцип на прецизно насочена фрекфенција на местата кои ги третираме,при што ултразвукот преку кожата допира до масните клетки, ги загрева и ги разложува. Мастите во облик на триглицериди одат во меѓуклеточната течност, каде со помош на ензимите се делат на глицероли и високи масни киселини. Глицеролот оди во крвта, а вишокот масни киселини во црниот дроб, каде се метаболизираат како и сите останати масти внесени со храната. Затоа најважна работа која треба да ја споменеме, е дека оние слободни и разградени масти кои патуваат низ нашиот организам во вид на липопротеини мора после третманот со кавитација да се потрошат со одредена физичка активност. Токму затоа на сите наши клиенти кои прават третман –кавитација им нудиме неколку можности, со апаратот LIPO LASER-BODY SLIMMING најбрзо да се ослободат од овие маснотии.
 
Важно е да се напомене дека насочената ултразвучна фрекфенција е концентрирана исклучиво на масното ткиво, а неможе да наштети на ниеден друг дел од телото. Кавитацијата може да се изведува на стомакот, колковите, бутините, нозете , задникот и рацете.
Третманите смеат да се изведуваат од 7 до 10 минути, двапати седмично или од 6 до 7 третмани месечно со задолжително комбинирање на дополнителен третман за брзо исфрлање на мастите.
Кавитацијата не се препорачува да ја користат лица после постоперативен зафат, жени со висок притисок, срцево болни и луѓе со покачен холестерол.

ЛИПО ЛАСЕР

Ова е најнов метод на слабеење со систем на ласерска терапија. Составен од специјално дизајнирани мулти-диоди кои емитуваат ласерски ладни црвени зраци , истиот е неинвазивен и безболен третман за слабеење и затегнување на кожа. Како резултат на ласерската енергија која ја емитува, ткивото се затоплува и ја подобрува микро-циркулацијата, а со тоа се намалува појавата на целулит. Ласерската терапија со ниско ниво на кохерентна ласерска светлина продира во кожата и придонесува за разложување на мастите кои потоа организмот ги исфрла по пат на липолиза.
 
Со овој третман ефикасно се отстранува вишокот на масти без негативни и несакани ефекти и без штетно влијание на околните ткива и кожата.
 
Липо ласер е 100% неинванзивен метод кој, покрај намалување на обемот, делува и на затегнување на кожата.
Пријатен и сосема безбеден метод за слабеење. Со неколку правилно искомбинирани третмани со радиофреквенција и ваккум од апаратот  LIPO LASER-BODY SLIMMING,може да се изгубат во просек од 2-4 см од масното ткиво веднаш после првиот третман.

БИПОЛАРНА РФ ТЕХНОЛОГИЈА

Радиофренквенцијата е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови.
Биполарната радиофренквенција е поусовршена од монополарната во однос на резултатите кои се постигнуваат. Ова е поусовршен метод на радиофренквенција каде целата енергија е фокусирана во центарот помеѓу двете електроди што се наоѓаат на една сонда. Предноста на биполарната радиофренквенција е што може да се постигне истовремено третирање и во длабоките и на површните слоеви на кожата. Поради тоа, третманот е безболен и пријатен, давајќи моментални резултати за многу краток временски период.
 
Целулитот претставува спор дегенеративен процес, кој се одвива во поткожното масно ткиво и се манифестира на површината на кожата во облик на кора од портокал. Површината на кожата во облик на кора од портокал најчесто се наоѓа на бутините, задникот и стомакот.
 
Локалното загревање на тие површини ја зголемува количината на течни масти, кои што се ослободуваат со загревање на ткивото. Со помош на оваа технологија, ефикасно се третира целулитот во неговиот центар. Оваа врвна технологија селективно ги загрева масните клетки под кожата, без оштетување на околното ткиво. Благодарение на комбинирањето на биполарната радиофренквенција, во еден апликатор во исто време се загреваат и површните и длабоките масни слоеви. Со селективното електро-загревање при самиот третман, се овозможува пенетрација на радиобрановите во длабоките слоеви на епидермисот и дермисот без оштетување на здравите ткива.
 
Локалното загревање предизвикува моментална реакција на колагенските влакна и истовремено го забрзува метаболизамот на фибропластите со што се забрзува произведувањето на нови колагенски и еластински влакна. Притоа се создава мазна и здрава кожа, која изгледа помладо..
 
Овој метод е неинванзивен, безбеден и едноставен за работа. Во комбинација со друг третман липоласер,кавитација , вакуум, мадеротерапија, антицелулитна масажа,итн.ефектот на млада и затегната кожа е неизбежен.

ВАККУМ СИСТЕМ

Одлично го помага процесот на намалување на масното ткиво во комбинација со другите третмани од апаратот LIPO LASER-BODY SLIMMING ,(радиофрекфенција и липоласер) и служи за оформување и зацврстување на телото.
Одлични резултати има за зацврстување на рацете, нозете и бутините,идеално го подига и зацврстува задникот,а посебно е добар за лимфна масажа. Вакуумот го забрзува метаболизмот на ткивото, го напаѓа целулитот, елиминира замор и подобрува имунитет, забрзува циркулација на крвта, елиминира пренатрупаност и намалува болка,а помага и за чести заболувања како висок крвен притисок, опстипација, лошо варење на храната и сл.

МАДЕРОТЕРАПИЈА

Мадеротерапија е посебен вид на антицелулитна масажа која се прави со специјално дизајнирано дрвено сукало, конусни форми и ролери односно оклагии.Во основа, оваа антицелулитна техника подразбира стимулација и лимфна дренажа кои се прв чекор во борба против упорниот целулит на нозете и бедрата. 
 
Масажата со оклагии  се препорачува на оние кои сакаат да се ослободат од целулитот на нозете и бедрата.  Добрата лимфна дренажа, подеднакво добро делува и претставува детокс за целото тело, го урамнотежува и прави да функционира подобро имуниот систем.
Се препорачуваат две серии од по 12 третмани.  Истиот се прави секој ден, или преку еден ден. Ги опфаќаа цели нозе, стомак и струк.
 (50 мин.)

ВИБРОСАУНА

Со ВИБРОСАУНА ќе му овозможите на вашето тело ново искуство, а таа ќе биде вистинско расположение на вашиот ден. Резултатите за намалување на вишокот килограми се одлични и се видливи уште по првите неколку третмани, а вие ќе добиете потполна хармонија на духот и телото
 
Температурата која ја постигнува  капсулата  е макс. 80 степени целзиусови и е регулирана од клиентот. Главата е надвор од капсулата, каде се сместени два моќни вентилатори, кои под ваша контрола испуштаат воздух со ладни негативни јони, а тука е и музиката за опуштање. Во внатрешноста се поставени два вибромасажера, едниот на грбот, а другиот на нозете, кои можете да ги користите одвоено или заедно. Во оваа капсула , со еден третман успешно се топат 600 калории, кои се еднакви на пешачење од 5-10 километри.
Позитивни ефекти:
-Помага при губење на вишокот на килограми
-Овозможува пријатна релаксирачка средина, која  помага во ослободување на стресот и напнатоста
-Ја зголемува циркулацијата
-Ги ослободува болките во мускулите
-Ја подобрува работата на бубрезите
-Помага во намалување на крвниот притисок
-Кожата ја прави нежна и мека…

PURE HARMONY

Детосикација  со зелен и бел чај .
Третманот POYRE HARMONY e Body wrapping метода од JANSSEN COSMETICS препаратите.
Овој релаксирачки третман, истовремено го обликува телото и го намалува неговиот обем, а воедно прави детоксикација на целиот организам. Body wrapping е постапка на пакување на телото во комбинација со посебни козметички производи.
Прекрасните производи од белиот чај на JANSSSEN COSMETICS, содржат високо ниво на полифеноли кои допринесуваат за бавен процес на стареење на кожата,додека пак зелениот чај е моќен антиоксидант и ја забрзува регенерацијата на клетката. Со пакувањето на телото со посебна фолија се овозможува подобра ресорпција на овие состојки.
Ефектот е кожа, мека како свила.
 

ВАКУСЛИМ-48

Третманот ВАКУСЛИМ -48 е топла Body wrapping метода, која истовремено го обликува телото и го намалува неговиот обем, а воедно прави детоксикација на целиот организам. Постапката е пакување на телото во специјални ВАККУМ најлони, кои истите потоа се вшмукуваат. Предходно телото е намачкано со моќните препарати на ВАКУСЛИМ-48 
Ова е понова метода на body wrapping, со интезивно топло дејство , кое се препорачува за одстранување на мекиот или воден целулит.  
Бенефити:
 
* Видливо намалување на обемот, по првиот третман се губат од 5-10см
* Подобрување на изгледот и тонусот на кожата по серија третмани.
* Елиминација на вишокот на течности.
* Метаболичко дејство на активни супстанци на процес на липолиза (разложување масни наслаги).
* Со вакумот истовремено се постигнува сауна и пресо ефект (ефект на лимфна дренажа).
* Вакуслим 48- антицелулитна и слиминг метода може да се комбинира со третманите за слабеење како што се кавитација, радиофреквенција, мадеротерапија и рачни антицелулитни масажи . Клиентки кои имаат проблем со изразени проширени вени или капилари не се третираат. Други контраиндикации се срцеви заболувања, шекерна болест, проблеми со бубрезите, епилептичари, бремени жени и доилки.

СПА ДЕТОКС СИСТЕМ Детоксикација на телото преку нозете

AQUA DETOX апаратот произведува електрични импулси со ниска фреквенција која нежно вибрира низ телото и ги стимулира ќелиите да лачат токсини кои се лачат преку лимфниот систем, а преку порите на стапалата (има 2000 пори на секое стапало) се исфрлаат. Самиот апарат има енергетски кертриџ кој ги создава електричните импулси или јони кои протекуваат низ телото, а со тоа се врши излачувањето на отровите преку лимфните жлезди.
Позитивни ефекти:
-Детоксикација на целиот организам
-Ја зголемува енергијата на целото тело
-Го подобрува и регулира метаболизмот
-Ја подобрува циркулацијата
-Регулација на крвниот притисок
-Регулација на холестеролот
-Регулација на шеќерот во крвта
-Слабеење и отстранување на -целулитот
‘-Го подобрува сонот
-Намалување на потењето и непријатните миризби
-Го подобрува тенот на кожата
Апаратот не би требало да го користат:
-Лица со вграден пејсмејкер
-Лица кои имаат епилепсија
-Лица со поголеми психички пореметувања
-Бремени жени
-Лица – веднаш после оперативни зафати
 

Вредносен ваучер

Бидете посебни и несекојдневни. Одберете една од нашите поединечни услуги или пакет и подарете го на некој ваш сакан или близок!

Контактирајте не

Поврзете се со нас и на социјалните мрежи