Третмани на лице

НЕИНВАЗИВНИ ТРЕТМАНИ ПОГОДНИ ЗА СИТЕ ТИПОВИ НА КОЖА СО МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН АПАРАТ ЗА ЛИЦЕ PROfacial
Апаратот PROfacial нуди освежувачки СПА третман со напредна медицинска технологија.
Во себе соединува седум различни апарати во еден.
ХИДРОАБРАЗИЈА — спа третман по принцип на вакуумско шмукување и чистење на мртвите клетки од кожата. 
БИОЛИФТ — за затегање на мускулите околу очите
ОКСИ СПРЕЈ — за нанесување серум и кислород во кожата. Окси спрејот се користи во сите третмани за лице
РАДИОФРЕКВЕНЦИЈА– ( РФ) РФ го стимулира производството на колаген во кожата. Прекрасен неинвазивен апарат кои дава брзи и одлични резултати во лифтинг третманите.
Апаратот со радиофрекфенција го комбинираме во сите третмани за зрела кожа.
УЛТРАЗВУК— Ултразвукот ја поттикнува микро циркулацијата на кожата,па воедно и го активира отварањето на порите. На тој начин сите активни состојки на препаратите кои се нанесуваат навлегуваат подлабоко во кожата. Со ова се ,водно се подобрува влажноста и изгледот на кожата. Ултразвукот го применуваме скоро во секој третман .Се комбинира по потреба со масажа или со друга апаратура.
COLD сонда— ја прави кожата хидрирана и отпорна на алергии
LED LASER маска–базирана на светлосно зрачење за подобрување на животниот век на клетките.

ОСНОВЕН ТРЕТМАН ЗА ЧИСТЕЊЕ

Овој третман подразбира
преглед , механичко чистење и консултација за понатамошна нега на лицето.
Изборот на препарати е прилагоден  според моменталната  состојба на кожата .
Се користи  COLD рачката и ултразвук од PROfacial апаратот.
Целита е да се зацврсти хидролипидниот слој на кожата,односно да ја нормализира нејзината pН вредност.
Комбинацијата на блага релаксирачка масажа и лимфна дренажа, прават, овој третман да добие дополнително и уживување .

СПА ТРЕТМАН ЗА ЧИСТЕЊЕ СО ХИДРОДЕРМОАБРАЗИЈА ( вакуумско чистење на кожата)

Сегмент кој комплетно го промени традиционалниот начин на чистење на лицето преку принцип на вакуумско шмукување и чистење на мртвите клетки од кожата.Брз и неивазивен третман кој  дава  свеж изглед и чувство дека кожата дише.
Идеален за брза хидратизација  на кожата. 
Се комбинира со COLD сонда од PROfacial апаратот.
Масажата на лице е дел од овој третман,за да го дополни комплетното освежување на кожата.

ТРЕТМАН ЗА ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА

Третманот подразбира третирање на кожа со воспалителни процеси (иритации или акни).
Бидејќи ваквите состојби на кожата имаат дебалансирана pH вредност,потребен им е различен пристап и соодветна нега,за подобрување .Овие третмани се прилагодени според состојбата на кожата,па според тоа се прави изборот на потребните  препарати кои се применуваат.Најчесто се користи Cold рачка или Led маска од PROfacial апаратот.

БИОЛИФТ ТРЕТМАН (затегање околу очите)

Пријатен третман кој се работи со БИОЛИФТ од PROfacial апарат БИОЛИФТ прави стимулација и подпомага за затегање на мускулите околу очите.
Третманот се комбинира со лимфна масажа ,препарати за затегање и осветлување на очната регија.

АРОМАТЕРАПИЈА

Ароматерапијата е уметност,каде што се применуваат есенцијални етерични масла, кои помешани со базно масажно масло  го даваат  саканиот ефект на организмот.

Етеричните масла всушност се ароматски супстанци, добиени од цветови и плодови на голем број растенија, а делуваат преку кожата или преку респираторните органи. Третманот на лице е комбинација на ароматерапевска масажа и  ароматерапевски маски,прилагодени на состојбата на кожата.
Опуштете се и уживајте во опојните мириси на есенцијалните масла!
 

Третман со LED маска

Оваа маска е базирана на светлосно зрачење кое го подобрува животниот век на клетките. 
Зрачи седум различни видови на лед светлина кои се комбинираат и третираат различни проблематики на лицето:
-Смирува воспалителни процеси, -Помага за обнова на колаген ,
– Регенерира клетка , 
-Го подобрува хидролипидниот слој,
-Има антибактериско дејство,
– Помага за третмани за белеење на флеки и пеги.
LED маската обично ја комбинираме во третманите за белеење и проблематична кожа со акни. 
 

МЕЗОТЕРАПИЈА СО ДЕРМАРОЛЕР

Мезотерапијата со дермаролер е мала инвазивна интервенција за регенерација на кожата. 
Со мезотерапија, со помош на тенките иглички на ролерот, во горните слоеви на кожата аплицираме мезококтели, кои се богати со хранливи киселини, витамини, минерали и антиоксиданси кои ги стимулираат клетките да произведуваат колаген, еластин и ги штитат клетките од оштетени, слободни радикали.
Процесот на стареење на кожата значително се забавува, а ново создадениот колаген и еластин и даваат на кожата блескав и здрав изглед.
Ефекти од мезотерапија:
-Ефектите се видливи веднаш после првиот третман
-Кожата е свежа и добро хидрирана
-Кожата добива подобар тен и видливо е затегната.
-Кожата е еластична и изгледа млада
За овие третмани се користат професионални дермаролери кои се посебно наменети за секој клиент.
За најдобри резултати се прават две серии од по пет третмани во период од 40 дена. Овој третман најдобро е да се прави во зимскиот период во годината.
 

OCEAN  TREASURE - третман за хидратизација

Препаратите од JANSSEN COSMETICS  ја користст  моќта за подмладување и освежување на океанот,и нудат навистина уникатно искуство за нега на кожата. Уникатната маска против стареење од шербет потполно  ја хидрира кожата, и ги пополнува линиите предизвикани од сувост ,студ и дехидрација.Идеален третман во текот на целата година.   Сјајот и свежината на лицето се гледаат веднаш после третманот . Овој третман се комбинира со дигитопресурна масажа на лице и ултразвук апарат, кој ја подобрува микроциркулацијата на кожата.
 

CAVIAR LUXURI- лифтинг третман

Препаратите од  JANSSEN COSMETICS се наменети за оние ,кои   знаат да уживаат во луксузот.
Овој луксузен третман со екстракт од црн кавијар и многу други ефикасни активни супстанции против стареење, нудат највисоко ниво за нега на лице. Кожата на лицето е добро нахранета, брчките и линиите се видливо намалени, додека тенот е свилен и подмладен.и црното злато се смета за основа на младоста, со своите anti-age и хранливи особини.
Овој третман се комбинира со лифтинг масажа за лице и апарат за радиофрекфенција, кој стимулира производство на колаген.
 

PLATINUM CARE - Лифтинг третман

Овој  третман од  JANSSEN COSMETICS е комбинација од уникатен Платинум-МП
Комплекс на колоидна платина( бело злато),
Матриксил, Синте‘6 ™( 6 вида на  колаген)   и персиски екстракт од свилено дрво за совршен лифтинг на лицето. Маската се состои од биоцелулозна мембрана која ги обвива контурите на лицето и нуди перфектен ефект на втора кожа. Помеѓу неа и вашата кожа е концентрираниот хијалурон гел . Биоцелулозната  маската  представува одличен преносител на активните состојки во кожата.Интензивно хидрира, ги зајакнува контурите и клеточната структура на кожата.
Екстратот од свила која е содржана во Effect Serum ампулите, веднаш ќе ги избришат знаците на замор од лицето,како и темните кругови околу очите. Третманот се комбинира со ултразвук или радиофреквенција, за дополнителен продолжен лифтинг ефект .
 

Третман за ИЗБЕЛУВАЊЕ со Ц Витамин

Enzyme Peeling Mask од JANSSEN COSMETICS е биолошки пилинг базиран на природни ензими од Папаја и Aнанас, која ги обработува протеините и липидите. Покрај тоа маската во прав е исклучтително формулирана за обновување и избелување на кожата.
 Сите препарати содржат Ц витамин кој помагат за избелување и изедначување на  тенот. Овој третман видно   ги избледува постоечките дамки и флеки на кожата.  Резултатите се  видливи веднаш . Се комбинира со LED маската од PROfacial апаратот.

Вредносен ваучер

Бидете посебни и несекојдневни. Одберете една од нашите поединечни услуги или пакет и подарете го на некој ваш сакан или близок!

Контактирајте не

Поврзете се со нас и на социјалните мрежи