Масажи

Болки во мускулите, целулит кој ве нервира или едноставно масажа за уживање!
Одберете сами или слободно препуштете ни се нам и ние ќе ви помогнеме во изборот на третман кој најдобро ќе одговара на вашите потреби.

Туи-на кинеска масажа

Оваа масажа е една од најстарите масажи во Кина, а во последните децении се применува широко низ светот. Се состои од комбинирани релаксирачки движења проследени со акопресура на целото тело. Акупресурата претставува притисок на акупунктирани точки, кои се наоѓаат на меридијаните на телото. Оваа масажа го зголемува протокот на енергија и има силна моќ врз нашето духовно тело. Се користи како превенција на несакани болести и воедно ја балансира енергијата во нашето тело.

 Опфаќа цело тело(60 мин.)

 

Ароматерапија масажа на лице и тело

Ароматерапијата е уметност каде што се применуваат есенцијални етерични масла кои помешани со базното масажно масло треба да го постигнат саканиот ефект на потполна опуштеност на телото. Етеричните масла всушност се ароматски супстанци, добиени од цветови и плодови на голем број растенија, а делуваат преку кожата или преку респираторните органи. Оваа лесна ритмична масажа е услов за антистрес и опуштање и за враќање на природната хармонија на духот и телото. 
Опуштете се и уживајте во опојните мириси на есенцијалните масла. Благи и лесни ритмички движења ,кои треперат по вашето тело. Дозволете си едно прекрасно и несекојдневно искуство

–  Ароматерапија на тело(70 мин.)

– Ароматерапија на лице (30 мин.)

–  Ароматерапија на лице и тело(90  мин.)

 

Комбинацијата на класичен модерен стил на масажа адаптирана спрема потребите на телото. Помага за брзо враќање на телото во нормално опуштена состојба, го подобрува тонусот на мускулите, и помага за подобра циркулација. Вештите раце на терапевтот ,ќе го ослободат акумулираниот стрес од телото.

Опфаќа цело тело (60 мин.)

Подлабока масажа која е креирана  според потребите на  телото.Акцентот на работата повеќе се дава на оној дел од телото кој е најпроблематичен, и притоа се овозможува подетално масирање на одредена мускулна група,до потполно опуштање.

Најголем број од клиентите  се оние кои секојдневно поминуваат по неколку часа работејќи на компјутер и имаат вистински проблеми со болки во грбот. Оваа масажа се препорачува за лица кои подолго време седат и  немаат посебни активности или вежби.
 Како пример, најголем број од клиентите ни се оние кои секојдневно поминуваат по неколку часа работејќи на компјутер и имаат вистински проблеми со болки во грбот. Оваа масажа е идеална за нив и за сите кои имаат проблеми со одредени мускулни групи од телото.
– Масажа на  грб,раце и глава(30 мин.)
– Масажа на грб,раце,глава и стапала (45 мин.)

Антицелулитна масажа

Оваа масажа нуди длабинско разбивање на целулитот и масните слоеви на телото , без никакви несакани појави, како подливи или  помодрувања на местата кои се масираат .Се применува пријатна комбинација на длабински и дренажни движења. Се употребуваат високо квалитетни антицелулитни масла , исклучиво за професионална употреба.  Ќе добиете чуство помешано со мирис на прекрасни масла кои продираат во порите на кожата.Препорачуваме пакети од 10 или 20 третмани, а најдобрите резултати се доаѓаат  после 40 извршени третмани, каде што вашата кожа ќе биде мазна, затегната и нежна како свила.

Опфаќа цели нозе,бутини и стомак( 45 мин.)

 

Спортска масажа

Длабока динамична масажа со истегнување на мускулното ткиво. Наменета за лица со посилна мускулатура кои активно спортуваат. 

Рефлексологија (масажа на стапалата)

Рефлексологија  или зона терапија, e масажа со притисок на точките на стапалата ,чија цел е враќање на рамнотежата на телесната енергија . Прекрасно чувство на пријатна болка и уживање.

Се стимулираат нервните точки на стапалото ,кои се поврзани со сите органи на телото. Се поттикнува процес на заздравување.  Оваа масажа го намалува или отстранува стресот, напнатоста и болката во телото.

ЛИМФНА дренажна масажа

Лимфната дренажа е сложена терапевтска техника на масажа, во која се користи многу лесен притисок на точно одредени места и долги нежни ритмички движења. Оваа масажа ја поттикна функцијата на лимфниот систем. Целиот третман доведува до состојба на опуштеност, намалување на отоците и болката, која евентуално била присутна.

 

Лимфната дренажа освен што се прави рачно, може да се изведува и со помош на некои апарати. За разлика од крвта, која ја пумпа срцето, лимфниот состав нема пумпа. Лимфната течност ја поттикнува притисокот на крвните жили и движењето на мускулите.Лимфната дренажа е многу благотворна метода со која ја подобруваме микроциркулацијата, го стимулираме метаболизмот и лимфниот систем, а при тоа доаѓа до забрзано излачување на отпадните материи. Дебелината и целулитот се посебан медицински и козметички проблем на современиот свет, истите покрај сите останати методи успешно се третираат и со лимфната дренажа. Со оваа постапка се обидуваме да го одстраниме вишокот на течности од ткивото што е прв чекор во борбата против целулитот.

SWEET TEMPTATION- JANSSSEN COSMETICS

Прекрасен третман за опуштање и уживање. Чоколадата го подобрува општото чувство на благосостојба на телото. Дури и само примамливата арома на чоколадо тера да се опуштите и одморите.
Чоколадото содржи полифеноли кои имаат антиоксидантни ефект,и затоа и помагаат на кожата да изгледа здраво, цврсто и мазно.
Чоколадните путери во комбинација со прекрасна релаксирачка масажа ,ке направат овој третман да стане ваше незаборавно искуство. Уживајте!

МАДЕРОТЕРАПИЈА

Мадеротерапија е посебен вид на антицелулитна масажа која се прави со специјално дизајнирано дрвено сукало, конусни форми и ролери односно оклагии.Во основа, оваа антицелулитна техника подразбира стимулација и лимфна дренажа кои се прв чекор во борба против упорниот целулит на нозете и бедрата. 
 
Масажата со оклагии  се препорачува на оние кои сакаат да се ослободат од целулитот на нозете и бедрата.  Добрата лимфна дренажа, подеднакво добро делува и претставува детокс за целото тело, го урамнотежува и прави да функционира подобро имуниот систем.
Се препорачуваат две серии од по 12 третмани.  Истиот се прави секој ден, или преку еден ден. Ги опфаќаа цели нозе, стомак и струк. (50 мин.)

Вредносен ваучер

Бидете посебни и несекојдневни. Одберете една од нашите поединечни услуги или пакет и подарете го на некој ваш сакан или близок!

Контактирајте не

Поврзете се со нас и на социјалните мрежи