Други услуги

Депилација

Ладната депилација е техника на одстранување на влакната со ладен восок и  специјални ленти . Овој тип на депилација ,во нашето студио се применува од самиот   почеток,па може да кажеме  дека  припаѓаме  меѓу  првите  салони кој  започна да ја практикува  уште пред  речиси 30 год. Оваа техника е хигиенски безбедна и за најинтимните делови на телото. Нашиот искусен тим за оваа техника, ќе ве задоволи со стручна  и безбедна услуга.  Користиме производи од   100% природен восок. Пропратната козметика за пред и после депилација допринесува за поспор раст на влакната. Наменета е за машкиот и женскиот пол.
-МАНИКИР  е постапка за нега на ноктите на рацете . Се средуваат кутикулите и се обликува ноктната плочка . Третманот се завршува со масажа на дланките и лакирање на ноктите со лак за нокти.
–  НАЛИВНИ НОКТИ -Техника на продолжување на ноктна плочка со наливен гел кој се пече во лед лампа.
Времетраење на гелот 4 до 5 недели
– ГЕЛ НА ПРИРОДЕН НОКТ- Техника за  зацврстување на природниот нокт со гел, кој се пече во лед лампа. Времетраење на гелот 4 до 5 недели.
-ТРАЕН ЛАК – Маникир техника за средување  на ноктната плочка и кутикулите. Постапката е како кај маникирот ,се разликува  по тоа што ноктите  се лакираат  со траен лак  кој се пече во лед лампа. Времетраење на лакот  3 до 4 недели. 

ЕСТЕТСКИ ПЕДИКИР – Педикир е постапка за средување на стапалата. Естетскиот педикир  подразбира средување на  ноктните плочки  и кутикулите, и  одстранување на мртвиот рожнат, керотински слој од стапалото.  По желба, ноктите  се лакираат со лак за нокти или се лакираат со траен лак, кој се пече во  лед лампа.Се завршува со рефлексна масажа на стапала.

-МЕДИЦИНСКИ ПЕДИКИР – техника за средување на проблематични враснати нокти,габични заболувања   или отстранување  на жуљеви .

Вредносен ваучер

Бидете посебни и несекојдневни. Одберете една од нашите поединечни услуги или пакет и подарете го на некој ваш сакан или близок!

Контактирајте не

Поврзете се со нас и на социјалните мрежи