fbpx
  • Голем избор на пакети за намалување на вишокот килограми или едноставно пакет за обликување на вашето тело.
  • Бесплатни совети за исхрана, совети за решавање на проблеми со покачена/намалена телесна тежина.
  • Анализа на метаболизмот и масти во телото (Body fat)
  • Индекс на телесна маса (ITM)

 

 

МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН АПАРАТ LIPO LASER-BODY SLIMMING

 

Мултифункционален апарат изработен по најсовремена технологија и медицински стандарди.Вклучува во себе четири видови на технологија:инфрацрвен ЛИПО ЛАСЕР, Кавитација, Биполарна РФ технологија и Вакуум.

 

 Кавитација

  • Веднаш видливи резултати
  • Неинвазивен, сигурен и сосема безболен третман
  • Прецизно отстранување на масните наслаги и целулит

Ако досега бевме сведоци на хируршка липосукција, за отстранување на вишокот масни наслаги сега со напредната технологија е измислен нов апарат кој со нехируршка ултразвучна кавитацдија, безболно и сигурно се справува со вишокот маснотии и целулит.
Апаратот за кавитација работи на принцип на прецизно насочена фрекфенција на местата кои ги третираме,при што ултразвукот преку кожата допира до масните клетки, ги загрева и ги разложува. Мастите во облик на триглицериди одат во меѓуклеточната течност, каде со помош на ензимите се делат на глицероли и високи масни киселини. Глицеролот оди во крвта, а вишокот масни киселини во црниот дроб, каде се метаболизираат како и сите останати масти внесени со храната. Затоа најважна работа која треба да ја споменеме, е дека оние слободни и разградени масти кои патуваат низ нашиот организам во вид на липопротеини мора после третманот со кавитација да се потрошат со одредена физичка активност. Токму затоа на сите наши клиенти кои правеле третман –кавитација им нудиме неколку можности, најбрзо да се ослободат од овие маснотии.
Важно е да се напомене дека насочената ултразвучна фрекфенција е концентрирана исклучиво на масното ткиво, а неможе да наштети на ниеден друг дел од телото. Кавитацијата може да се изведува на стомакот, колковите, бутините, нозете , задникот и рацете.
Третманите смеат да се изведуваат од 20 до 40 минути, еднаш седмично или од 3 до 4 третмани месечно со задолжително комбинирање на дополнителен третман за брзо исфрлање на мастите.
Кавитацијата не се препорачува да ја користат лица после постоперативен зафат, жени со висок притисок, срцево болни и луѓе со покачен холестерол.

 

ЛИПО ЛАСЕР

ЛИПО ЛАСЕРОТ е најнов метод на слабеење со систем на ласерска терапија. Составен од специјално дизајнирани мулти-диоди кои емитуваат ласерски ладни црвени зраци , истиот е неинвазивен и безболен третман за слабеење и затегнување на кожа. Како резултат на ласерската енергија која ја емитува, ткивото се затоплува и ја подобрува микро-циркулацијата, а со тоа се намалува појавата на целулит. Ласерската терапија со ниско ниво на кохерентна ласерска светлина продира во кожата и придонесува за разложување на мастите кои потоа организмот ги исфрла по пат на липолиза.

Со овој третман ефикасно се отстранува вишокот на масти без негативни и несакани ефекти и без штетно влијание на околните ткива и кожата. ЛИПО ЛАСЕРОТ е 100% неинванзивен метод кој, покрај намалување на обемот, делува и на затегнување на кожата.

Пријатен и сосема безбеден метод за слабеење. Со неколку правилно искомбибирани третмани овој апарат помага да се изгубат во просек од 1,5-8 см од масното ткиво.

Биполарна РФ технологија

Радиофренквенцијата е метод на длабинско загревање на кожата со помош на радиобранови.

Биполарната радиофренквенција е поусовршена од монополарната во однос на резултатите кои се постигнуваат. Ова е поусовршен метод на радиофренквенција каде целата енергија е фокусирана во центарот помеѓу двете електроди што се наоѓаат на една сонда. Предноста на биполарната радиофренквенција е што може да се постигне истовремено третирање и во длабоките и на површните слоеви на кожата. Поради тоа, третманот е безболен и пријатен, давајќи моментални резултати за многу краток временски период.

Целулитот претставува спор дегенеративен процес, кој се одвива во поткожното масно ткиво и се манифестира на површината на кожата во облик на кора од портокал. Денес повеќе од 80 % од девојките над 18- годишна возраст се опфатени со некоја фаза на целулит, дури и оние со мала телесна тежина.Површината на кожата во облик на кора од портокал најчесто се наоѓа на бутините, задникот и стомакот.

Локалното загревање на тие површини ја зголемува количината на течни масти, кои што се ослободуваат со загревање на ткивото. Со помош на оваа технологија, ефикасно се третира целулитот во неговиот центар. Оваа врвна технологија селективно ги загрева масните клетки под кожата, без оштетување на околното ткиво. Благодарение на комбинирањето на биполарната радиофренквенција, во еден апликатор во исто време се загреваат и површните и длабоките масни слоеви. Со селективното електро-загревање при самиот третман, се овозможува пенетрација на радиобрановите во длабоките слоеви на епидермисот и дермисот без оштетување на здравите ткива.

Локалното загревање предизвикува моментална реакција на колагенските влакна и истовремено го забрзува метаболизамот на фибропластите со што се забрзува произведувањето на нови колагенски и еластински влакна. Притоа се создава мазна и здрава кожа, која изгледа помладо..

Овој метод е неинванзивен, безбеден и едноставен за работа.

 

Вакуум сонда за тело (голема и мала)

Одлично го помага процесот на намалување на масното ткиво во комбинација со други третмани и служи за оформување на телото, рацете, нозетеа посебно е добар за лимфна масажа. Вакуумот го забрзува метаболизмот на ткивото, го напаѓа целулитот, елиминира замор и подобрува имунитет, забрзува циркулација на крвта, елиминира пренатрупаност и намалува болка,а помага и за чести заболувања како висок крвен притисок, опстипација, лошо варење на храната и сл.

 

 

 

Вибросауна

Што претставува VIBRO SAUNA?

VIBRO SAUNA е резултат на долги и обемни истражувања каде е тестирана на луѓето и има покажано одлични резултати. Таа е едноставна, економична и комбинирана машина, каде што инидивидуата има целосна контрола со помош на командните копчиња кои се сместени во внатрешноста на оваа капсула.

Начин на работа:

Температурата која ја постигнува оваа вибросауна е макс. 80 степени целзиусови и е регулирана од клиентот. Главата е надвор од капсулата, каде се сместени два моќни вентилатори, кои под ваша контрола испуштаат воздух со ладни негативни јони, а тука е и музиката за опуштање. Во внатрешноста се поставени два вибромасажера, едниот на грбот, а другиот на нозете, кои можете да ги користите одвоено или заедно. Со VIBRO SAUNA со еден третман успешно се топат 600 калории, кои се еднакви на пешачење од 5-10 километри.

Позитивни ефекти:

  • Помага при губење на вишокот на килограми
  • Овозможува пријатна релаксирачка средина која во помага во ослободување на стресот и напнатоста
  • Ја зголемува циркулацијата
  • Ги ослободува болките во мускулите
  • Ја подобрува работата на бубрезите
  • Помага во намалување на крвниот притисок
  • Кожата ја прави нежна и мека...

Општо:

Со VIBRO SAUNA ќе му овозможите на вашето тело ново искуство, а таа ќе биде вистинско расположение на вашиот ден. Резултатите за намалување на вишокот килограми се одлични и се видливи уште по првите неколку третмани, а вие ќе добиете потполна хармонија на духот и телото.

 

Body wrapping
Уште една метода која помага за отсранување на целулит
Body wrapping е антицелулитна метода која истовремено го обликува телото и го намалува неговиот обем, а резултатите ги мериме во центиметри. Самото име „body wrapping“ кажува дека се работи за постапка на пакување на телото во комбинација со посебни козметички производи наменети за body wrapping. Со пакувањето на телото со посебна фолија се овозможува подобра песорпција на фитоароматските состојки од производите во кожата и поткожното ткиво.
 
Многу е важно да се спомне дека телото треба правилно да се обвитка во фолијата, зошто со неправилното пакување го прекинуваме протокот на лимфата и на тај начин може да предизвикаме повеке штета отколку корист– затоа овој третман не се препорачувам да се применува во домашни услови.
 
Разликуваме топол и ладен body wrapping. Дејството, односно чуството за топлина зависи од самите активни состојки на одбраните препарати. Бидејќи поединечните развојни фази на целулитот мегусебе прилично се разликуваат, поради тоа за да се отстранат имаат потреба од посебан третман. Често се сретнуваме со клиентки со изразени проширени вени, срчеви и други заболувања , каде што не се препорачува топол третман.
 
Топол body wrapping, со интезивно топло дејство, се препорачува за одстранување на мекиот или воден целулит. На овој нацин не смее да се третираат клиентки кои имаат проблем со изразени проширени вени или капилари. Дуги контраиндикации се срцеви заболувања, шекерна болест, проблеми со бубрезите, епилептичари, бремени жени и доилки.
 
Ладен body wrapping со интензивно чуство на ладење на кожата се препорачува за одстранување на тврд или компактен целулит, исто така го препорачуваме на клиентки кои имаат проблеми со вени или капилари, или на оние који не ја поднесуваат добро топлината. Исто така овај третман не го применуваме на бремени жени и доилки.
 
Како дополнување на третманот со body wrapping препорачуваме масажа, која исто така треба да е прилагодена според потребите на клиентката.
 
ЛИПО ТРАП
ЛИПО ТРАП е професионална линија со нови производи од билка Месождерка во предизвиците за отстранување на недостатоците предизвикани од сите типови на целулит и локализирани масни наслаги!
Делува против несовршеностите на кожата предизвикани од целулитот и масните наслаги локализирани во деловите на телото како стомакот, бутовите, нозете и рацете.
Телото е редефинирано и ремоделирано, кожата е мазна и затегната.
Делува против несовршеностите предизвикани од целулитот, “портокал“ ефектот и масните наслаги.
Брзо апсорбирачката текстура помага за ефикасно намалување на масните испакнатини.

ВАКУСЛИМ-48

Нова метода за професионални третмани за слабеење и елиминација на целулит која секогаш може брзо и лесно да се примени, особено во ситуации кога треба да се започне и забрза процесот на слабеење и подобрување на изгледот на кожата на телото.
Бенефити:

* Видливо намалување на обемот, по првиот третман се губат од 5-10см
* Подобрување на изгледот и тонусот на кожата по серија третмани.
* Елиминација на вишокот на течности.
* Метаболичко дејство на активни супстанци на процес на липолиза (разложување масни наслаги).
* Со вакумот истовремено се постигнува сауна и пресо ефект (ефект на лимфна дренажа).
* Вакуслим 48- антицелулитна и слиминг метода може да се комбинира со третманите за слабеење како што се кавитација, радиофреквенција, липоласер,мадеротерапија и рачни антицелулитни масажи.